Министерството за надворешни работи (МНР) информира дека досега до нив и дипломатско конзуларните претставништва не е стигната информација дека има државјани на Република Северна Македонија меѓу загинатите или повредените во трагичната железничка несреќа, која што синоќа се случила близу градот Лариса во Грција.
Појаснуваат дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во комуникација со надлежните органи во Грција, од каде чекаат и официјални информации за состојбата околу трагичната несреќа.
-Министерството останува отворено за реакција на барање на наши државјани, кои поради било какви причини предизвикани од несреќата им е потребна итна асистенција. Информираме дека нашите контакти се отворени 24 часа, а на располагање се три телефонски броја на нашите дипломатски претставништва во Грција: +30 6655191321 во Атина; +30 6987200410 во Солун; како и СОС телефонот на МНР во Скопје +38975273732, соопштија од МНР,