Нема настрадани македонски државјани во поплавите во Западна Европа

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Министерството за надворешни работи со загриженост ги следи состојбите со поплавите во Западна Европа. Според информациите на нашите дипломатско – конзуларни претстваништва во погодените региони нема жртви државјани на Република Северна Македонија, соопшти МНР.

-Нашите државни конзуларни претставништва стојат на висина на задачата, отворени и во служба на државјаните на Северна Македонија кои живеат во погодените региони. Исто така, МНР е во постојана комуникација со домашните власти во земјите кои доживеа природна катастрофа. Според информациите на нашите ДКП-а во погодените региони нема жртви државјани на РСМ, се наведува во соопштението споделено и на фб статусот на шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Од МНР посочуваат дека во случај на евентуално барање помош, нашите државјани можат да се јавуваат на следните телефонски броеви:
Берлин: +49 15255691603
Минхен: + 49 162925525
Хаг: + 31 6 38174907
Брисел: +32 27329108.

Слични содржини