Голем број градови во светот имаат преголем индекс на загаденост и големи концентрации на ПМ10 и ПМ2,5 честички во воздухот, а често меѓу нив се и неколку македонски градови, како на пример Скопје, Битола или Тетово.
На другата страна од равенката пак, се наоѓаат градовите во кои воздухот е толку чист, што луѓето не се ни разболуваат, а се смета и за вистински мелем за белите дробови.
Хонолулу, Хаваи
Хаваи важи за едно од најчистите места во светот. Стручњаците сметаат дека ветровите ги носат сите штетни честички кон морето, а и факт е дека Хаваите се наоѓаат на листата на држави со најмал број срцеви удари годишно.
Цирих, Швајцарија
Овој град има многу строги правила кога се работи за одложување на отпадот. Жителите интензивно користат јавен транспорт или возат велосипед, а речиси никој не користи автомобил.
Аделаида, Австралија
Освен што е многу чист, овој град е и доста високо рангиран на листата на најдобри места за живеење.
Калгари, Канада
Јавните претпријатија во Калгари имаат строга стратегија за исфрлање и уништување на отпад, а ги мотивираат и луѓето да сортираат и рециклираат.
Хелсинки, Финска
Граѓаните на Хелсинки секогаш ќе изберат велосипед пред автомобил. Само во главниот град на Финска има велосипедски патеки во вкупна должина од 3.800 километри.
Рејкјавик, Исланд
Примарно нешто што го прави овој град еден од најчистите во светот е фактот дека 90% од населението се грее и се снабдува со струја преку геотермална енергија. Тие се целосно посветени на алтернативните извори на електрична енергија.