Нема официјална потврда од унгарската амбасада дека Груевски е во Будимпешта

од desk2
147 прегледи

Нема официјална потврда ниту од македонските власти, ниту од унгарската амбасада во Скопје дека Груевски е во Будимпешта и дека таму побарал политички азил.

Претходно, на Фејсбук профилот на поранешниот премиер Никола Груевски, по кого е распишана потерница за издржување двегодишна затворска казна,се појави објава дека тој е во Будимпешта и оти побарал политички азил од унгарските власти.

„Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, напишал денеска Груевски на Фејсбук.

Ова беше објавено на верификуваниот Фејсбук профил на Никола Груевски, на кој тој и претходно објавуваше содржини.