Нема пари за колектор во Радожда, а има над 18 милиони евра за панорамско тркало во Скопје

од Vladimir Zorba

По посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на Радожда, тој им укажа на жителите на Радожда дека нема државни пари за изградба на колекторски систем, односно за решавање на проблемот со фекалната канализација, што беше посочено како главен проблем од страна на жители на ова туристичко место.

selfi-e1469464087238 (1)

Според Груевски, прво ќе се направело обид за решавање на проблемот со ИПА фондовите на ЕУ, а ако обидот бил неуспешен, дури тогаш ќе се правел резервен план за решавање на проблемот со буџетски средства во 2018 година. Наводно, за изградба на кракот од колекторскиот систем за заштита на Охридското езеро околу Радожда биле потребни околу еден милион евра.

Во соопштението на СДСМ се укажува дека Никола Груевски не им одговори на жителите на Радожда на клучното прашање:„Каде е колекторскиот систем што им го вети од пред 10 години? Поради тоа што Радожда се уште нема колекторски систем, фекалиите од селото и околината одат директно во Охридското езеро и ја загадуваат водата. Наместо да се бламира Груевски со фалби за асфалтирани улички од по 20, 30 метри што е редовна обврска на властите, а па не и негова, веднаш да каже каде е колекторскиот систем?!“
Во моментот кога партискиот функционер Груевски им соопшти на жителите на туристичкото место Радожда дека немало околу милион евра за решавање на проблемот со фекалната канализација која го загадува Охридското езеро, во Скопје се гради панорамско тркало (над 18 милиони евра), повеќемилионски споменик на Мајка Тереза, а за барокни фасади е предвидено да се потрошат десетици милиони евра.

 

Слични содржини