Нема поголема глупост ниту може да се измисли, вели Спасовски откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека дел од пожарите се поврзани со СДСМ

Спасовски: Не може да се измисли поголема глупост дека СДСМ е одговорна за пожарите низ државата

од Nikola Popovski
17 прегледи

Поголема глупост мислам дека ниту може да се чуе ниту може да се измисли . Зошто? Заради тоа што, се сеќавате од самиот момент на формирањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се се пласираат некакви теории на заговор – ќе има дестабилизации, ќе се дестабилира државата во есен, па се организира таква дестабилизација на пролет…Тоа можеби беше интересно за граѓаните на почетокот на формирањето на Владата, меѓутоа, сега веќе, година и неколку месеци власт, апсолутна во државата, се бараат решенија, нема веќе пренасочувања на проблемите кон граѓаните, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски запрашан како ги коментира обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека пожарите низ земјава се поврзани со СДСМ и дека симпатизери на партијата ликуваат за огнените стихии.

Спасовски тврди дека „многу попаметно ќе им биде на Владата и ВМРО-ДПМНЕ да се организираат и да се справат добро со пожарите и да успеат преку институциите на системот да покажат дека имаат капацитет и да не ни се случат повторно да горат фабрики и куќи и да имаме жртви“.

-СДСМ никогаш во никаква криза нема да се сити. Напротив, стоиме на располање да помогнеме ако за тоа има потреба. Наместо да бараат виновнии во други, да погледнат малку во себе и сопствената одговорност, кажа меѓу другото пратеникот од Собранието, заедно со останатите членови на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Слични содржини