Иако беше повикан и јавно, пред Анкетната комисија за скандалот со прислушување денеска не се појави да сведочи бившиот шеф на УБК, Сашо Мијалков. Тој беше следниот за сведочење по списокот и редоследот што го објави претседателот на комисјата Шилегов, а четвртито фунционер што не се појави пред пратениците.

Прв повикан сведок требаше да биде премиерот Никола Груевски, кој поради службени обврски своето појавување пред Анкетната комисија за на 9 декември , го одложи за 14 декември.Потоа не се појавија за сослушување и Зоран Ставрески и Мартин Протуѓер кои требаше да сведочат вчера.
Дачиќ:Таблите БЈРМ остануваат- Тоа ви е за признавањето на Косово
Власта и опозицијата и натаму не можеа да се согласат која е целта на Анкетната комисија .
Според Антонио Милошоски во интерес на јавноста е да се утврди кој прислушувал, зошто, кој имал корист од тоа, колку луѓе биле прислушувани и кои. Според претседателот на Комисијата, Петре Шилегов, целта на Комисијата е да утврди одговорност за кривичните дела кои произлегуваат од содржината на телефонските разговори.
Засега се и Гордана Јанкуловска (14 декември) и Миле Јанакиески (15 декември) не одговриле дали ќе присуствуваат на сослушувањата