Нема повеќе чекање пред шалтерите за извод: Ќе се издава една потврда од Централниот регистар за население

од Nikola Popovski
606 прегледи

Вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски денес најави дека ќе се укине вадењето на матичните изводи.

„Граѓаните во иднина нема да чекаат во редови пред шалтерите за да добијат извод од матичните книги на родени, венчани и починати, туку тоа сите тие потврди ќе бидат заменети со само една потврда од Централниот регистар на население“, истакна Николовски на денешната прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Тој додаде дека ова се прави во рамки на антикорупцискиот план, како и во консултација со министерствата, агенциите, невладините организации и други институции.

Тој освен оваа мерка, презентираше и низа други кои се очекува да ја намалат корупцијата во државава.

„Анализите покажаа дека подигање на нивото на дигитализација и намалувањето на човечкиот фактор имаат улога во намалување на корупцијата“, рече Николовски.

Слични содржини