Нема повеќе спортски ликови на рекламите за обложување и коцка

од Nikola Popovski
132 прегледи

Министерството за спорт и Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија потпишаа меморандум кој значи взаемно разбирање меѓу двете страни и подразбира етички однос во кој спортистите, поранешни, активни или млади таленти нема да бидат директно користени за било какво рекламирање на казина и игри на среќа.

Спортистите ќе може да бидат вклучени во промовирање на спортски игралишта и настани поврзани со спортот, како и кон промоција на вистинските вредности поврзани со спортот, почитувајќи ги принципите на морал, етика и одговорност кон општествените вредности.

-Тоа беше најважниот сегмент што сакавме да го постигнеме со оваа иницијатива покрената од Министерството за спорт за која наидовме на разбирање од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија и ова е еден убав почеток на идна соработка, истакна министерот Борко Ристовски.

Смета дека е важно сите ние да вложиме во здрава спортска средина која ги поддржува младите и се стреми кон позитивни примери и вредности во општеството.

-Чекор кон подобра и поодговорна иднина за спортот во Македонија, додава Ристовски.

Слични содржини