Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не препорача нови мерки.
Надлежните посочуваат дека сепак се следи епидемилошката состојба во земјава и регионот.
Министерот за здравство Венко Филипче смета дека епидемиолошката состојба во земјава е миран и дека летово нема потреба од воведување на рестрикции поради делта сојот.
– Ќе почекаме да видиме каков став ќе имаат членовите на Комисијата за заразни болести, но јас лично сметам дека ситуацијата е прилично мирна нема знак дека може да има влошување. Не само по бројот на позитивни случаи туку и бројот на прегледи како и по приемите во болниците. На Инфективната клиника не се јавуваат пацинети за преглед што значи дека нема наплив, ја следиме ситуацијат и во регионот и земјите каде летуваат нашите граѓани. Сметама дека летово не требе да се вовдеуваат никакви рестрикции како за влез и излез од земјава или забрана за настани и собири, вели Филипче во Утрински Брифинг.