Нема преживеани во падот на рускиот авион

од Stefanija Kuzmanovska

Вјачеслав Гладков, гувернерот на Белгородската област денеска изјави дека сите кои се наоѓале во авионот „Иљушин-76“ загинале.

Транспортниот авион „Ил-76“ на руските воздухопловни сили, со 65 украински затвореници, кои требало да бидат префрлени за да се изврши размена, заедно со шест членови на екипажот и три придружници, се урна во регионот Белгород, соопшти претходно денеска руското министерство за одбрана, пренесе РИА Новости.

„Раководството на Украина добро знаеше за претстојната размена, беше информирано како ќе бидат доставени затворениците, но авионот Ил-76 беше соборен со три проектили од противвоздушен ракетен систем, или Патриот или ИРИС Т, произведен во Германија. Експертите ќе го решат тоа“, навел претседателот на Комитетот за одбрана на Државната дума Андреј Картаполов на пленарниот состанок на Државната дума, пренесе „Интерфакс“.

Слични содржини