До Министерството за внатрешни работи денеска не стигнало пријава за физичка пресметка помеѓу генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров и член од обезбедувањето, велат од МВР за „Локално“.
За наводниот инцидент споделија неколку медиуми блиски до опозицијата.
Од МВР за „Локално“, велат дека до нив пријава имало само на 09.01.2023 во 12:30 часот дека во канцеларија во Град Скопје околу 08.30 часот, вработен како секретар од страна на вработен како обезбедување добил закани, по што бил извршен разговор во полициска станица.
-На 09.01.2023 во 12.30 часот З.Г.(52) од Скопје пријавил дека околу 08.30 часот во канцеларија во град Скопје, каде е вработен како секретар, од страна на Е.С.(43) од Скопје, вработен како обезбедување, му биле упатени закани. Со Е.С. бил извршен разговор во полициска станица и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопштија од МВР.