Нема информации за пријавени загинати и повредени Македонци во синоќешниот терористички напад во Париз. Сите амбасади вклучително и македонската ноќеска беа активни на Твитер и социјалните мрежи и повикуваа на заштита на граѓаните кои се нашле во Париз

За време на вчерашните петочни напади во Париз, хаштагот #porteouverte, “отворена врата”, стана главно средство преку кое Парижаните им нудеа засолниште на луѓето затекнати на улиците.

Macedonian Embassy in Paris 5, rue de la Faisanderie 75116 Paris France (+33) 1 45 77 10 50 (+33) 1 45 77 85 77 (Consulate) [email protected]
Многу корисници отворено ги споделуваа своите адреси на социјалните мрежи, додека други нудеа информации на кој било што ќе им пишеше директно.
Среде нападот, Парижаните канеа туѓинци, но и туристи, на безбедно во своите домови. Хаштагот беше користен на повеќе јазици.
Подоцна беше креиран и веб сајт со мапа дизајнирана за да им помогне на луѓето да останат на безбедно.
Фејсбук, пак, обезбеди опција за чекирање на сите корисници кои се во реонот на Париз за нивно маркирање дали се на безбедно. Страницата на следниот линк.