Нема простор за поскапување на парното, уверува Бислимоски

од Nikola Popovski
177 прегледи

Не се отвора никаков простор за зголемување на цената на топлинска енергија за граѓаните. Во ниту еден случај нема да има поскапување, рече денеска првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски. Според него, може да дојде само до намалување.

-Дали ќе има субвенции или ќе нема, во текот на јуни ќе ја донесеме одлуката. Можевме и сега да носиме популистички одлуки кога ја намаливме цената за недомаќинствата, но се решивме за потрошувачите кои во енергетската криза, ниту еднаш не беа субвенционирани, да им се помогне пред се на нив, кажа Бислимоски на прес-конференција.

Во однос на најавите од одредени партии дека ќе се укинуваат одлуки и ќе се носат одлуки за граѓаните, Бислимоски рече дека одлуки за цени за преност на електрична енергија, тарифни системи за дистрибуција и за преност, тарифен систем за универзалниот снабдувач носи само Регулаторот за енергетика.

-Ниту партија вовела евтина тарифа, ниту партија може да укине надоместок, тоа може само РКЕ, додаде првиот човек на Регулаторна.

Слични содржини