Нема работа за Садам Хусеин

од Vladimir Zorba
83 прегледи
Десет години по егзекуцијата на еден од најпознатите диктатори на сите времиња, еден човек и натаму има проблеми поради него. Веројатно ова ќе го следи до крајот на животот…

Еден морски инженер во Индија мака мачи со своето име. Пред 25 години се родил како Садам Хусеин. За жал, името му создава огромни проблеми и баш поради него не може да добие стабилна работа. Одбиен е веќе 40 пати од страна на различни работодавци па одлучил да го промени своето име во Сајид.