„Овде сум денес зошто верувам дека ова е моментот да продолжиме со заедничка иднина. Покажавте смелост и одлучност, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен во обраќањето во Македонското собрание.
„Тоа го постигнавте и со договорот од Преспа, а тоа ви го отвори патот кон НАТО, чија членка сте денеска. Покажавте витален капацитет. Вие сте успешен пример за мултиетничко општество. Направите и работевте многу. Знам дека истото е се случи кога ќе станете членка на Европската Унија, рече Лејен.
„Европската комисија секогаш била и ќе биде на ваша страна. Толкувањето на историјата не е услов на пристапни преговори. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик, повторувам НЕМА СОМНЕЖ, рече Лејен, по што доби громогласен аплауз од владеачкото мнозинство.
„Тоа стои и во ревидираниот француски предлог…“, рече таа пред пратениците.
За заедничка европска иднина, Лајен повика пратениците да гласаат за ревидираниот француски предлог, која додеде, сепак „изборот е ваш“.
Со првата меѓувладина конференција, која треба да се одржи и следната недела, ако Северна Македонија го прифати францускиот предлог, рече таа, „конкретните преговори и процесот на скрининг ќе започнат веднаш“.
„Со почетокот на пристапните преговори со ЕУ, во најкраток можен рок, ќе започне и потпишувањето на билатералните договори меѓу Северна Македонија и ЕУ на македонски јазик и на другите официјални јазици на Унијата“, рече претседателката на ЕК.
🇲🇰 Europe is waiting for you.
Waiting and hoping that you will take yet another step towards our Union.
I am here today because I believe that this is the right moment to move forward. https://t.co/T1GxKQsY92
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 14, 2022