Нема суспензија на ДУП-от во Центар, се бара мислење од министерот Бочварски

од Nikola Popovski
310 прегледи

Се уште нема суспензија за ДУП-от во општина Центар, кој се однесува за изградбата на зградите спроти хотелот „Холидеј ин“. Заклучокот за постапување според член 23 од Законот за урбанистичко планирање беше одобрен на денешната 64-та седница на Советот на Општина Центар. Со донесувањето на оваа одлука, претходно донесените заклучоци за постапување по истиот член, донесени на седниците во декември 2020 година, престануваат да важат.

Општина Центар го задолжува градоначалникот, Саша Богдановиќ, да ги достави стручните елаборати од Комисијата за урбанизам формирана од градоначалникот и стручните служби од Секторот за урбанизам со Барање за давање мислење за суспензија до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во рок од 20 дена од донесување на овој Заклучок.

– Дојдовме до заклучок дека минатиот заклучок, односно измената, оваа е трета, е премногу општ за општината, недоволно јасен за да може да се постапува по истиот и градоначалникот не можеше да постапува и не постапи по истиот, изјави советникот Јон Фрчкоски кој ја предложи точката на која овој заклучок беше предмет на расправа.

Дополни дека смета оти заклучокот треба да претрпи измени со кои не би се нанеле сериозни штети на општината, и, притоа, би му овозможиле на градоначалникот да постапи по него.

Слични содржини