409
Министерот за здравство, Венко Филипче за ТВ24 изјави дека нема точен датум кога ќе пристигнат кинеските вакцини, но и дека се во постојана комуникација со Синофарм.
Додава дека поради поради нивниот празник, работата околу вакцините се одвива поспоро.
Според последните податоци, преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“, до овој момент пријавени се 40 илјади 600 заинтересирани лица да примат вакцина против КОВИД-19, додека преку матичните лекари пријавени се 12 илјади 652 лица.