Нема укинување на сертификатите, сѐ уште го тераме пикот, вели Сали

од Берта Китинска
192 прегледи

Министерот за здравство вели дека засега не се планира укинување на сертификатите. Како што кажа тој, епидемиолошката состојба и опфатот на вакцинирани лица се дел од причините.

-Според епидемиолошката состојба во државата, многу мал број на вакцинирани, сѐ уште го тераме пикот, благо е покачувањето, но сѐ уште продолжува пикот на четвртиот бран. Не можеме да зборуваме за намалување на рестриктивни мерки, рече Сали.

Микробиологот Никола Пановски вели нема да прифати да биде дел од Комисијата додека не се укинат сертификатите.

-Нашите канцеларии се на 100 метри оддалеченост, поканата преку социјални мрежи е во најмала мера несоодветна. Требаше да разговараме, да видиме што се очекува од мене, што јас очекувам. А веќе замолив, додека не ги укинат сертификатите, да не сметаат на мене. Слушнав дека ме поканил и за советник. Значи на секого давам совети, секако и на министерот, за тоа не треба да имам функција. За време на кризава работам исклучиво волонтерски и бесплатно, вели Пановски за „Локално“.

Слични содржини