Нема војни повеќе меѓу Албанци и Македонци -Кој сака да провоцира судир?

од Vladimir Zorba
116 прегледи

„Некој се обидуваше безбедносните случувања можеби да ги повтори и во Тетово. Но, граѓаните тоа не го дозволуваат“, велат тетовци. Според експертите, во градот се случува позитивна консолидација, пишува Дојче Веле .

0,,16365176_303,00

Повремени надлетувања на хеликоптери над Тетово во правец кон селата на Шар Планина, покрај границата со Косово, кои се целосно населени со Албанци, гласини, или вистинити искажувања на граѓани, кои тврдеа дека забележувале, наводно, напати движења и на оклопни транспортери на безбедносните сили на Македонија од правецот на Скопје кон Тетово и на пат кон планината … Сево ова беше дел од масовната психоза, која владееше меѓу населението на Тетово и неговата околина цели 48 часа (11. и 12.05.2015), проследено со сеопшто раширени шпекулации и гласини дека „ќе почне да се пука и во Тетово, исто како и во Куманово“, бидејќи „и на Шара има навлезени вооружени групи од Косово“ …

Од сето тоа до вчера (13.05.2015), за среќа, не се случи ништо, но, на фонот на една ваква ситуација можеби најдобро можеше да се согледа какво беше пулсирањето на овој урбан центар, најголем во западниот дел на оваа држава, какви се меѓуетничките односи во Тетово, град со околу 87 илјади жители, од кои околу 70 отсто се Албанци, 24 проценти се Македонци, а 6 проценти отпаѓаат на Роми, Срби и Турци. Наспроти се, граѓаните на Тетово не го запираа својот животен ритам и меѓусебни комуникации: продолжуваа градбите на мајсторите – градежници на многу индивидуални куќи, немаше затворања на кафулињата и рестораните, ниту затворање на претпријатијата. Раздвиженост насекаде, колку што и надеж дека во Тетово ништо нема да се случи.

Топење на мразот

Дојче веле се нурна под површината на ваквото животно секојдневие на Тетово, за да ги праша неговите жители: дали тие стравуваат од нова војна, што мислат за сплотувањето на жителите на Куманово, како гледаат на односите меѓу Македонците и Албанците, но и на сите други што живеат во сопствената средина – во Тетово? Разговаравме со многу тетовци од повеќе етникуми, но, главно Македонци и Албанци, од различна возраст. Неподелен впечаток е дека и во овој град се случува еден нов феномен: забележливо „топење на мразот“ во меѓуетничките односи, сплотеност врз граѓанска основа меѓу Македонците и Албанците, сето тоа директно поттикнато од настанатата пoлитичка криза и од безбедносните случувања кај Гошинце и Куманово. Впрочем, не само од овие неколку денови, или неколку недели: силен индикатор дека Тетово „дише повеќе заеднички воздух“ е и податокот дека повеќе месеци нема речиси никакви меѓуетнички инциденти, нема тепачки меѓу учениците – Албанци и учениците – Македонци, кои знаеја во изминатите години да потегнат еден на друг и нож, безбол – палки …

Но, од повеќето искажувања на граѓаните, од кои, сепак, некои од свои причини бараа и одредена анонимност, донесуваме некои покарактеристични одговори на прашањата на Дојче веле.

– Башким Сулејмани вели: „Граѓаните се веќе уморни од креирање ситуации, што ги заладува односите меѓу етникумите, значи, од ситуации кои ги креираат политичките партии заради свои (тендер) интереси. Во време кога сиот свет зборува за напредување во технологијата, ние се уште се занимаваме со договори меѓу етникумите, а живееме во една куќа, на народот од друг етникум му се обраќаат со ‘Индијанци’, на други луѓе со ‘комуњари’“ … Ова е срам за сегашната Влада.“

– Томе Н. има нешто поинакво мислење: „Јас имам 82 години и го знам албанскиот јазик како и мојот мајчин македонски. Навистина, веќе подолго време немам чуено пцости врз етничка основа да упатат Албанец кон Македонец, или Македонец кон Албанец. Или, слични навреди. Баш вчера влегов во чајџилница и седнав и разговарав со пријателите Албанци. И тие, како и ние, Македонците, жалиме поради немилите настани во Куманово и поради загубата на човечките животи.“

– Ш.А., Албанец, инсистирајќи на анонимност, е категоричен во своето искажување: „Постои недоверба меѓу партиите – ВМРО кон СДСМ, ДУИ кон ДПА, или меѓу другите од овие партии – а не постои недоверба меѓу граѓаните од различните етникуми во Тетово. И јас забележувам дека се случува меѓуетничко зближување, сплотеност меѓу Албанците и Македонците во нашиот град, а тоа е така поради гневот кон раководствата на владејачките партии, но, најмногу кон ВМРО ДПМНЕ. Ниту војна ќе има, ниту ќе успее некој да ’намести’ ново безбедносно сценарио во Тетово, како што се случи во Куманово“.

повеќе  тука