Нема зголемени плати во Армијата, Петровска: Кога сте власт мора да давате решенија, а не изговори

„Нема силна држава без силна одбрана, а нема силна одбрана без задоволни и мотовирани припадници“, порача пратеничката

од Nikola Popovski
26 прегледи Фото: Фејсбук

„При носењето на Буџетот за 2026та година Министерот за одбрана Мисајловски се пофали дека буџетот за одбраната расте, истористи најголем“, потсетува поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска откако вчера од Независниот синдикат за одбрана побараа зголемување на основната плата за 20%. Марио Јуришиќ, претседател на Независниот синдикат за одбрана, информираше дека за нивните барања се сретнале и со министерот за одбрана, но им било соопштено дека не се планирани зголемувања на платите.

Според Петровска, прашањето кое се поставува е дали растот на Буџетот е реален или фиктивен.

„Ако е реален тогаш правилото е како расте буџетот за модернизација и инвестиции, така мора да се зголемува и стандарот на припадниците на Армијата и вработените во одбраната. Нема силна држава без силна одбрана, а нема силна одбрана без задоволни и мотовирани припадници. Кога сте власт мора да давате решенија, а не изговори“, истакна екс-министерката, додавајќи дека две години чека министерот за одбрана да одговори на нејзиниот повик за ТВ дуел, па да одговориме, како што вели, многу прашања, „а богами и да разобличам многу лаги кои тој ги шири“.

Јуришиќ вчера во изјава за медиумите порача дека ако ја земат платата на вработените во одбраната, на сите нивоа, професионален војник, цивилно лице, подофицер и офицер, ќе се види дека платите се потполно исти и во февруари 2024 година и декември 2025 година.

-Затоа бараме да овој систем се ревидира, бидејќи нашиот припадник не може да ги купи истите работи со таа плата што ги купувал во февруари 2024 година, на некој начин стандардот му е намален. Зборуваме за припадници на одбранбениот систем, систем на кој се темели државата и кадешто може да се случи доколку не се следи состојбата во трендот, отпорноста во одбранбениот систем е загрозена, објасни претседателот на Синдикатот.

Слични содржини