Нема зголемување на платите во здравството до крајот на 2024

од Nikola Popovski
221 прегледи

Нема да има зголемување на платите на здравствените работници, барем до крајот на годинава. Исто така нема да дојде ниту до потпишување на нов колективен договор како што бараа синдикатите. Ова денеска го обелодени министерот за здравство, Арбен Таравари.

Причината, според првиот човек во ресорот здравство, е поради огромниот буџетски дефицит. Најави дека ќе побара разбирање од синдикатите.

-Се надевам дека во здравството нема да има огромно скратувње на буџетот бидејќи мора да преживееме и да поминеме до ноември оваа година. Со синдикатите имав еден состанок, повторно ќе имам и ќе побарам од нив разбирање за евентуално да се договориме за идната година. Оваа година практично е невозможно да се донесе нов колективен договор, рече Таравари по посетата на ГОБ „8-ми Септември“ во скопската населба Карпош, додавајќи дека сепак ќе има пари за вработувања во здравството.

Здравствените работници изминативе години излегоа на неколку протести за поголеми плати, а шоранешната Влада, предводена од СДСМ, постојано нагласуваше дека направила најголемо покачување на платите во здравството досега. Во октомври минатата година, токму преку протест, синдикатите издејствуваа покачување на платите на медицинските сестри од 3.000 денари и 2.000 за лекарите.

Слични содржини