Нема жртви, сите патници излегоа: Обраќање на Дачиќ и Весиќ по сударот на возовите во Белград

од Илинка Илиоска
598 прегледи

Нема мртви, тоа е најважно. Сите патници излегоа, се првите зборови на српскиот министер за внатрешни работи  Ивица Дачиќ по судирот на возовите во подземниот тунел во Белград.

Тие поради видот на повредите се пренесени во Ургентниот центар, на клиниката за реанимација. Повредени се една жена и тројца мажи.

Уште девет лица биле прегледани, но не им било потребно болничко лекување.

„Веднаш по дојавата дека има судир, на местото на настанот излегле силни полициски сили, како и 25 пожарникари-спасувачи со седум возила, со оглед на тоа што екипите на итната помош не можеле да се приближат до местото на судирот“, рече министерот.

Министерот Горан Весиќ изјави дека биле прегледани 13 лица, а четворица се приведени во Ургентниот центар.

– Беовоз помина низ заштитно светло кое забрануваше минување. Наскоро ќе има официјален извештај. Пожарникарите брзо реагирале и сите биле згрижени. Би сакал да им се заблагодарам на сите институции за брзата реакција. Сообраќајот е запрен. Утре во утринските часови најдоцна попладне ќе се нормализира. Учествуваа 25 пожарникари – изјави Весиќ.

Тој додаде дека во моментов се проценува штетата.

 

Слични содржини