Полицијата соопшти дека управител на хотел во Струга изградил угостителски објект без соодветна дозвола, иако знаел дека рокот за закуп на земјиштето е истечен.
„Пријавениот К. Б. како управител и одговорно лице во правното лице, иако знаел дека договорот за закуп и користење плажа во близина на Струга, склучен помеѓу правното лице и Министерството за транспорт и врски, бил изминат по што требало земјиштето да го врати во сопственост и во владение на Република Северна Македонија, без одобрение за градење во текот на јуни 2020 изградил угостителски објект и без решение извршил реконструкција на постоен објект. Тој исто така со пријавениот Д. Г. склучил договор за закуп на наведеното земјиште и објект за рок од 4.5.2020 до 4.5.2022 година“, соопшти МВР.
Поради тоа, ОВР Струга поднесе кривична пријава против К. Б. (58) од Скопје и правно лице – хотел од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето и бесправно градење и против Д. Г. (37) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело узурпација на недвижности.