Немало политичко влијание во изборот на „Еуровиа“ за адаптација на СП „Борис Трајковски“, на Османи не му е јасна реакцијата кон МНР

од Vladimir Zorba

Нема никакво политичко влијание при изборот на компанијата „Еуровиа“ за адаптација на салата Борис Трајковски за потребите нa Министерскиот состанок на ОБСЕ бидејќи понудила најниска цена што е единствен критериум таа да биде прифатена од страна на МНР. Секој друг избор би бил прекршување на законот и оштетување на буџетот, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи.

-МНР нема избрано компанија, туку кога имате отворена постапка во којашто може да ви конкурира која било компанија и единствен критериум ви е 100 проценти цена, тоа што МНР прави е само ги рангира. Кога е 100 отсто цената, вие едноставно не одлучувате, не можете ниту да влијаете. И затоа темата политичко влијание е апсолутно неоснована бидејќи ние не одлучуваме ништо, ниту комисијата одлучува, ниту јас одлучувам. Едноставно се рангираат цените – таа што е прва. Во случајот и да беше еден денар, немавме можност за поинаков избор, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање по заедничката прес-конференција со канадската министерка за надворешни работи Мелани Жоли, која е во работна посета на земјава.

Тој посочи дека денеска на негово барање целата документација во врска со понудата на „Еуровиа“ ќе биде доставена до сите надлежни институции, како и до ДКСК, иако вели од нивна страна се уште нема барање за тоа. Коментарите на опозицијата во однос на овој тендер ги оцени како шпекулации.

– Затоа не ја разбирам реакцијата по однос на МНР. Може да ги прашате компаниите зошто понудиле такви цени, но МНР апсолутно нема никаква можност да реагира. Ова е најважниот настан во историјата на државата, па и во мојата политичка кариера и никогаш не би ставил дамка на еден таков процес. Затоа им реков уште денеска на луѓето во МНР веднаш да ја пратат целата документација до ДКСК, до Обвинителството, до Државниот завод за ревизија бидејќи овој лов на вештерки е ок, но не може да и се нанесе толку штета на државата во најкритичен момент, на основа на шпекулативни изјави, појасни Османи.

Слични содржини