466
Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари денес повторно ја отвори темата околу наводниот поткуп на пратеници. Тој во емисијата „Само вистина“ истакна дека пратеникот Кастриот Реџепи добил поткуп.
-Апсолутно мислам дека го самоизолирале Реџепи. Можеби малку поткуп, малку притисок. ДУИ тоа го прави најдобро. Немам докази, да имав ќе излезев и ќе отидев во Обвинителството. Ова се зборува во кулоарите. Се знае кај бил Кастриот тој ден. Се збори низ Скопје, прашајте пет луѓе, двајца знаат каде бил пратеникот, рече Таравари, одговарајќи на прашањето дали навистина постои поткуп на пратеници за да преминат на друга страна.