127
„Немам информации дали Мијалков контактирал со епидемиолози или претставници на ДЗСИ околу неговата здравствена состојба, односно дали е евентуално позитивен на короновирусот“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на денешното примопредавање на вакцините од Србија, како одговор на новинарско прашање.
Вчера поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков се извини на целата македонска јавност затоа што сите го барале, а тој бил изолиран заради висока температура.
– Јас кога ќе дадам збор, не го погазувам. Еден ден бев во изолација и гледајте што се случи – изјави Мијалков за телевизијата 24.