Немаме индикации за влошување на безбедноста во земјата, тврди Спасовски

од Nikola Popovski
129 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека моментално немаме индикации за влошување на безбедноста.

Како одговор на прашањето за последните тензии на релација Москва-Киев, првиот полицаец во земјава вели дека нашите безбедносни служби работат во полн капацитет во однос на заштитата на територијалниот интегритет на Република Северна Македонија.

Спасовски дополни дека имаме намалување на бројот на илегални мигранти, но состојбата околу мигрантската криза се следи постојано и врз основа на параметрите соодветно се реагира.

Одговарајќи на новинарско прашање дали знае кога ќе биде потпишан договорот со ФРОНТЕКС, тој одговори дека очекува тоа да се случи следниот месец.

-Очекувам можеби следниот месец дека ќе се завршат сите формални постапки во рамки на ЕУ и ќе може да го потпишеме Договорот со ФРОНТЕКС за контрола на граничните премини. Тоа ќе биде прв договор на ниво Европска Унија – Република Северна Македонија, кој ќе биде потпишан некаде на крајот од октомври, рече Спасовски по отворањето на Научно-стручната дебата на тема „Јавната и приватна безбедност – преку координација и соработка до заедничка превенција на безбедносните ризици и закани“, што се одржува на Филозофскиот факултет во Скопје