„Немаме никакви информации“: Роднините на патниците бараат одговори

од Берта Китинска
244 прегледи

Беким Алити  од утрово е пред претставништвото на компанијата “Беса транс“ во Скопје чекајќи информации за неговата жена и сопругата на својот брат.

-Немаме никакви информации, никој не не бара , од агенцијата  не ни креваат телефон. Мојата сопруга беше во автобусот, заедно со сопругата на мојот брат. Последен пат ми пиша во 4 часот вчера попладне, кога требало да тргнат. Го видов списокот, но не пишува кој е жив а кој е мртов, кажа Беким Алити.

На автопатот Струма синоќа загинаа 46 македонски туристи, меѓу кои 11 деца. Луѓето се враќаа во Скопје по патување во Истанбул. Преживеаја 7 лица, сите се вон животна опасност и се сместени во „Пирогов“.

Слични содржини