„Немаме време за губење, местото на Северна Македонија е во ЕУ “

од Берта Китинска
298 прегледи

Прашањето за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија да се реши до крајот на франуцското претседателство во јуни, порача Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Тој вчера од Скопје јасно порача дека местото на Северна Македонија е во ЕУ и оти нема време за губење и процесот треба да се забрза. Пред да дојде во Скопје, завчера во Софија тој ги упати истите пораки – прашањето за почеток на преговори за членство на државава во ЕУ да се реши до јуни годинава, изразувајќи крајно разочарување што се уште се разговара за ова прашање. Во исто време, САД и Франција изразија засилена поддршка за пристапување на Скопје и Тирана во ЕУ.

– Посветени сме да ги продолжиме напорите за почеток на преговори со Северна Македонија пред завршувањето на француското претседателство со Европската Унија во овие клучни времиња, објави еврокомесарот Вархеји по средбата со премиерот Димитар Ковачевски вчера во Владата.

– Ја почнав посетата на Северна Македонија со средба со премиерот Димитар Ковачевски. Северна Македонија е дел од Европа! Немаме време за губење, треба да се забрза процесот!, напиша Вархеји на Твитер.

Слични содржини