Немил настан во водите на Охридското езеро: Пронајден починат скопјанец

од Nikola Popovski
32 прегледи

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело  на машко лице.

Од преземените мерки и извршениот увид, било констатирано дека се работи за И.Д.(55) од Скопје.

-Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, стои во соопштението од МВР.

Слични содржини