НЕМИРИ ВО БАЕРН: Четворица играчи предводат бунт против тренерот!

од Stefanija Kuzmanovska
232 прегледи

Ова е веќе криза. Баерн греши таму каде што не е навикнат – во Бундеслигата. По трите последователни ремија (Борусија Менхенгладбах, Унион Берлин и Штутгарт), баварскиот гигант го доживеа првиот пораз (Аугсбург). Одиграни се седум кола, клубот од „Алијанц Арената“ е на четвртото место, со пет бода помалку од лидерот Унион Берлин. Тоа не е ситуација која често се случувала и на која се согласуваат во Баерн.

Како што пренесуваат германските медиуми, тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, по поразот на гости во Аугсбург ги критикувал играчите и побарал објаснување за лошата игра. Сепак, тој на прес-конференцијата рече дека сноси најголема одговорност.

– Размислувам за се. За мене. За ситуацијата. За се – изјави Нагелсман.

Како што пишува „Спорт1“, тренерот на Баерн најмногу ги обвинува играчите за големиот број на пропуштени шанси, но и за неиграњето како што им рекол да играат во последната третина од теренот. Но, и играчите се незадоволни од тренерот.

Денес „Спорт1“ објави текст во кој опишува колку играчите се фрустрирани од однесувањето на тренерот. Се вели дека четворица играчи го водат бунтот против Нагелсман. Станува збор за Садио Мане, Џошуа Кимих, Леон Горецка и Рајан Гравенберг.

– Мане се загуби по силниот старт. По Барселона, тој најави дека ќе се подобри, но веќе против Аугсбург повторно се виде дека Баерн има причина да се грижи бидејќи го одигра најлошиот натпревар од доаѓањето во клубот. Наводно е тажен и безволен – пишува „Спорт1“.

Што се однесува до останатите споменати играчи, Гравернбер е лут бидејќи сезонава одигра само 218 минути, Горецка затоа што не добива доволно можности, а Мундијалот е се поблиску, додека на Кимих му пречи општата ситуација во клубот и не му се допаѓаат некои од идеите на тренерот…

Слични содржини