Немири во Белгија и Франција по натпреварот: Момче загина, приведени повеќе од сто лица (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
194 прегледи

Едно момче загина во уличните нереди и навивачки конфликт по полуфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Франција и Мароко во францускиот град Монпеље.

Според извештаите на локалните вести, момчето било „насилно удрено“ од автомобил и било пренесено во болница, но набргу потоа починало како последица на повредите. Полицијата го истражува овој трагичен настан.

Повторно немири во Брисел

Околу стотина навивачи беа приведени во средата вечерта на 14 декември во Брисел поради нереди откако Мароко загуби од Франција со 2:0 во полуфиналето на Светското првенство.

Навивачите се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување на две полициски возила и поседување забранети огномети.

Делови од улиците во центарот на градот беа опколени во пресрет на натпреварот. На улиците имаше купишта запалено ѓубре, како и голем број полицајци со опрема за контрола на нереди на улиците на Брисел.

Мароко стана првата селекција од Африка која стигна до последните четири на Светското првенство, откако ги исфрли Шпанија во осминафиналето и Португалија во четвртфиналето. Ја победија и Белгија во групната фаза.

Слични содржини