Немирна ноќ: Серија земјотреси од кои најсилниот 4,6 степени го погодија Маврово

337 прегледи

Синоќа серија земјотреси со јачина над 4 степени по Рихтер не ги остави граѓаните мирни.

Најсилниот од нив беше регистриран во 22:17 часот со епицентар 65 километри југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Како што се вели, овој земјотрес бил на длабочина од 10 километри од површината на земјата, додека епицентарот бил на 18 километри од Гостивар.

– Според досегашните податоци овој земјотрес беше најсилно почувствуван од населението во Маврово, Дебар, Гостивар, Тетово и Кичево со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала, a во останатите делови со интензитет од III-IV степени според истата скала, информира Сеизмолошката опсерваторија.

Слични содржини