451
По жестоката ерупција на вулканот Марапи во Индонезија, пронајдени се тела на 11 планинари, а спасувачите трагаат по уште 22 лица кои се водат како исчезнати.
Вулканот во Западна Суматра исфрлил големи столбови чад до висина од повеќе од 3.000 метри, а облаците од врела пепел се шират со километри наоколу, јавува АП, наведувајќи дека околните села и околните градови се покриени со тони вулканска пепел.
Околу 75 планинари биле на пат кон оваа планина висока 2.900 метри во саботата кога започнала ерупцијата и ги заробила за време на искачувањето.