Ненадејно почина актер од „Војна на ѕвездите“ и „Гремлини“

од Nikola Popovski
471 прегледи

Актерот Марк Додсон почина на 65-годишна возраст. Тој го имаше позајмено својот глас во бројни видео игри и филмови, а најпознат е како гласовен актер во филмовите „Гремлини“ и „Војна на ѕвездите“.

Тажната вест за „ТМЗ“ ја потврдила неговата ќерка која открила дека нејзиниот татко починал од срцев удар во Индијана, каде што присуствувал на настан. Тој бил пронајден мртов во хотел, а починал во сон.

Првата улога на Додсон во Холивуд беше во 1983 година, кога го позајми гласот на ликот Саласиус Крамб во „Војна на ѕвездите: Враќањето на џедаите“. Во филмот „Гремлини“ го позајми гласот за ликот Могваи.

Слични содржини