Доаѓа Ерата на високата република, приказна 200 години постара од „Војна на ѕвездите“

од Elena Daskalova

Дизни најавија дека се работи на големо прозно дело со наслов „Војна на ѕвездите: Висока република“, со дејство сместено 200 години пред филмската франшиза.

Оваа приказна ќе излезе во неколку книжевни продолженија и стрипови. Креативниот директор на Лукасфилм, Мајкл Сиглан, изјавил дека се работи за златно време, време на мир и просперитет, кога џедаите биле чувари на галаксијата, челници на мирот и праведници.

Прва од книгите е „Светлоста на џедаите“, која ќе ги прикаже нив во сосема поинакво светло од она на кое досега сме навикнати. Се очекува да биде објавена на 25 август 2020 година.

За работата на книгите е ангажиран Ијан Мекег, кој го смислил ликот на Дарт Мол од приквел-трилогијата, за да направи нацрт на негативецот со име Нихил.

Креативните тимови на Дизни и Лукасфилм ветуваат неповторливо искуство за сите обожаватели на оваа сага.

Слични содржини