Ненадејно почина Началникот на руското воено разузнавање, човекот кој го подготви заземањето на Крим

од desk3
90 прегледи

Генерал Игор Сергун, началникот на Главното разузнавачка агенција (ГРУ) на руската армија во изминатите 4 години, почина ненадејно на 58-годишна возраст.

Ова стана јасно од сочувствителната телеграма, објавена на сајтот на претседателот Владимир Путин.

Image_5211264_126

Во текстот се изразува сочувство за “ненадејната смрт”. Засега нема други информации каква може да е конкретната причина.

“Колегите и неговите подредени го познаваа како вистински воен офицер, искусен и компетентен командант, машки и вистински патриот”, истакнува Путин.

“Тие го почитуваа за неговиот професионализам, цврст карактер, чесност и посветеност.”

Сергун, беше уште заменик-началник на рускиот Генералшатб и раководеше со ГРУ од крајот на 2011 година, кога го замени генерал-полковник Александар Шлјахтуров.

Убиство на скопски Битпазар- прободен тинејџер …

Тој се најде меѓу првите санкционирани од Запад по анексија во 2014 година на Крим. Се смета дека одредите со командоси на ГРУ биле во претходница на блокирањето и заземањето на украинските воени и административни објекти на полуостровот. Подоцна за вработени на ГРУ имаше пораки и во источна Украина.

Како што е вообичаено во Русија и други земји за слични луѓе, многу од деталите од биографијата се засекретени. За Сергун се знае дека е роден на 28 март 1957. Во војската е од 1973г., а во разузнавањето – од 1984. Во 1998 год. бил воен аташе на Русија во Албанија. Дипломиран е на московското воено училиште, на Московскиот високото оптовоено командно училиште “Врховен Совет на РСФСР”, на Воената академија на Советската армија и на Воената академија на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација.