Ненадминливата руска анимација

од Vladimir Zorba
81 прегледи

„Девојчето и делфинот“ е руска анимација продуцирана во 1979 година од режисерката Росалија Зелма, со музичка подлога на познатиот руски авангарден композитор Едуард Артемјев, познат по соработката со режисерот Андреј Тарковски.

Анимацијата е работена во цртеж акварел и претставува чиста форма на наративна приказна. Деталите во филмот се илустрираат преку ефектот на возбуда, со движечка композиција на детали кои предизвикуваат чувство на имагинација и фантазија.