Авионот во кој се наоѓа Ненси Пелоси слета во Тајван.
На аеродромот ја пречека делегација, а пред аеродромот се собраа голем број луѓе да ја пречекаат.
Да потсетиме, Кина претходно најави дека нејзината војска нема да „седи со скрстени раце“ доколку Пелоси дојде на автономниот остров.
Се верува дека нејзината посета ќе ги поткопа односите меѓу Кина и САД.
Непосредно пред слетувањето на патничкиот авион пристигна вест дека кинески борбени авиони го прелетале Тајванскиот теснец.