52
Необично високи температури во земјава за овој период од годината. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека наутро ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот сончево и топло.
Минималната температура ќе биде во интервал од – 5 до 3, а максималната ќе достигне до 22 степени.
Во Скопје, наутро студено, а преку денот релативно топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст и значително повисоки на крајот од работната недела кога наместа ќе надминуваат 20 степени.