Неочекувана вест од Украина: „Планираме мировни преговори со Русија до крајот на февруари“

од Nikola Popovski
158 прегледи

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба изјави за АП дека земјата има намера да одржи мировни преговори со Русија до крајот на февруари – околу годишнината од избувнувањето на војната.

Кулеба додаде дека тоа најверојатно ќе биде во Обединетите нации, со генералниот секретар Антонио Гутереш како можен посредник.

Тој изјави дека е „апсолутно задоволен“ од резултатите од минатонеделната посета на претседателот Володимир Зеленски на САД, велејќи дека американската влада планира ракетниот систем „Патриот“ да биде подготвен за работа во земјата за помалку од шест месеци.

Кулеба рече дека дипломатијата ќе игра важна улога во завршувањето на конфликтот во Украина.

„Секоја војна завршува како резултат на акциите преземени на бојното поле и на преговарачката маса. Обединетите нации можеби се најдоброто место за одржување на овој самит бидејќи не се работи за правење услуга на одредена земја. Ова е навистина за вклучување на сите“, вели Кулеба.

Пред Русија да се приклучи на разговорите, Кулеба рече дека на Кремљ прво треба да му се суди за воени злосторства пред меѓународен суд.

Тој ги отфрли тврдењата од Москва дека Русија е подготвена да преговара, додавајќи: „Тие редовно велат дека се подготвени да преговараат, што не е точно, бидејќи се што прават на бојното поле го докажува спротивното“.

Инаку, во последните денови рускиот претседател Владимир Путин тврдеше дека е подготвен за преговори, но дека Украина не сака да разговара.

Слични содржини