291
Ханзи Флик и Роберто де Ѕерби се сметаат за фаворити за тренерската функција во Барселона по најавеното заминување на Чави, но медиумите во Шпанија тврдат дека има и други кандидати за оваа функција.
Прв меѓу нив е шпанскиот стручњак на клупата на португалската репрезентација Роберто Мартинез, кој не ја крие желбата да ја води Барселона и е свесен дека сега му е најдобрата шанса за тоа. Тој е надвор од клупскиот фудбал од 2016 година, кога раководеше со Евертон, потоа ја презеде репрезентацијата на Белгија, а од минатата година и Португалија.
Сепак, прашање е како би се остварил неговиот трансфер во Барселона ако се знае дека договорот со португалската фудбалска федерација е со важност до 2026 година.