346
Вечерва избил пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани за време на настап на групата ДНК. Присутни биле 1.500 гости, претежно млади лица.
Неофицијалните информации велат дека се изгубени над 50 млади животи.
Како што известуваат локалните медиуми, причина за ширење на пламените јазици во дискотеката биле употребени пиротехнички средства.
Во кочанската болница се пренесени 30 повредени лица, а околу 60 лица во штипската болница.