Неофицијално: Пиштолот со кој е убиено семејството Поцеста пронајден на бензинска пумпа во Тетово

од desk2
74 прегледи

Постарата ќерка на семејството Поцеста од Дебар е осомничена за грозоморното убиството на нејзините родители и помалата сестра – неофицијално дознава 1тв од извори во полицијата.

25 годишната девојка се наоѓа на распит во Јавното Обвинителство. Нашите извори брифираат дека осомничената за трикратното убиство го извршила делото со уште тројца помошници. Едниот и обезбедил пиштол, вториот и помогнал да го изврши делото, а третиот бил задолжен да и помогне со превозот. Како што неофицијално дознаваме, пиштолот со кој е извршено убиството е пронајден на бензинска пумпа во Тетово.

Девојката долги години живеела во Италија, пристигнала во родниот Дебар за да го изврши делото, а по убиството веднаш заминала за Италија. Повторно се вратила во земјава откако родинините телефонски и ја соопштиле веста дека се откриени телата на нејзините родители и нејзината сестра.

Неофицијално, членови на семејството Поцеста биле членови на мафијашка група во Италија. Нашите извори брифираат дека мотив за убиството најверојатно е одмазда бидејќи таткото сведочел против членови на групата во која членувала и неговата ќерка. Се очекува МВР и Обвинителството подоцна во денот да излезат. Трагичниот настан се случи на 26 август во три часот по полноќ./1tv