Непал ги предупреди Русите: „Вратете ги телата на нашите граѓани и исплатете отштета на семејствата“

од Stefanija Kuzmanovska

Непал побара од Москва да престане да регрутира непалски државјани, односно веднаш да ги врати назад сите непалски војници кои ги ангажирала. Малата хималајска нација ја донесе оваа одлука откако беше откриено дека шестмина непалски војници кои служеле во руската армија биле убиени.

„Владата на Непал побара од руската влада веднаш да ги врати нивните тела и да им плати отштета на нивните семејства“, соопшти непалското министерство за надворешни работи.

Во тек се дипломатски напори за ослободување на непалскиот државјанин кој служел во руската армија и бил заробен во Украина.

Непалските војници се познати по својата храброст

Амбасадорот на Непал во Москва, Милан Раџ Туладар изјави дека од 150 до 200 Непалци работат како платеници во руската армија. Непалските војници, познати како Гурки, се познати по својата храброст и борбени вештини.

Тие им служеа на британската и индиската армија по независноста на Индија во 1947 година, според договорот меѓу трите земји. Непал тврди дека нема таков договор со Русија, пренесува Sky News.

Слични содржини