Непослушен внук: Откриено што му кажала кралицата на Хари

371 прегледи

Принцот Хари не ги послушал советите на својата баба, кралицата Елизабета Втора, која му рекла, тој и Меган,  да не отстапуваат како „постари членови“ на кралското семејство, пишува Evening Standard.

Кралицата јасно му рекла на својот внук да не објавуваат ништо оваа недела за нивните идни планови, а тоа му го кажала затоа што Хари побарал состанок со неа во нејзината вила.

Со оглед на тоа што знаеме дека војводата од Сасекс не и удоволил на кралицата, јасно е зошто од дворот рекле дека се повредени и разочарани. Извори блиски на семејството тврат дека одлуката на Хари и Меган особено ги погодила постарите членови на кралското семејство.

Британските медиуми исто така пишуваат дека принцот Вилијам се обидел да ги поправи односите со својот брат оваа есен, откако излегол документарецот за Меган и Хари во октомври. Вилијам сакал да го посети Хари во неговата куќа во Виндсор, но тоа никогаш не се случило.

Слични содржини