Непознатата страна на принцезата на Трамп: Зошто да читам книга за еб*ни сиромашни луѓе?

од Stefanija Kuzmanovska
432 прегледи

Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото, неодамна покажа Иванка Трамп, која со својот татко го дели копнежот за пари и пофалби – како и очигледен презир кон сиромашните – уште од најмала возраст, барем според нејзината поранешна најдобра пријателка од училишните денови.

Новинарката Лисандра Орстром, која била деверуша на свадбата на Иванка, за Vanity Fair опиша дека ќерката на Трамп отсекогаш била опседната со својот статус и ги обвинувала соучениците дека стриле нешто за што таа била одговорна, додека навидум се правела добра.

„Таа го имаше радарот на Трамп за статус, пари и моќ, како и инстинкт на нејзиниот татко да ги „фрли другите под автобусот за да се спаси самата себе“, рече Орстром.

Кога имале 20-тина години, Орстром ѝ препорачала на Иванка да ја прочита книгата „Царски водопади“, добитник на Пулицерова награда, за ликовите од работничката класа во еден мал град во Мејн.

„’Ли, зошто ми препорача да прочитам книга за е**но сиромашни луѓе? За кој дел точно мислиш дека би можел да ми биде интересен овде?’ Се сеќавам дека Иванка ми кажа“, напиша новинарката, додавајќи дека ќерката на Трамп секогаш велела дека професорите го фалат нејзиниот огромен талент, во однос на што и да работела.

Поранешната новинарка од Либан изјави дека во една прилика огрлицата која ја носела околу вратот, а на која го пишувало нејзиното име, ја изнервирала Иванка: Една вечер среде вечера погледна во огрлицата и рече: „Како се чувствува твоето момче што е Евреин додека таа твоја огрлица го удира во лице за време на сексот? Како можеш да го носиш тоа? Таа вришти ‘терорист’“.

Во написот се тврди дека Доналд Трамп многу внимавал на изгледот на неговата ќерка и нејзините пријатели кога биле тинејџери.

„Едвај обрнуваше внимание на мене, освен да ме праша дали Иванка е најубавата или најпопуларната девојка на нашето одделение. Пред да сфатам дека Трампови немаат смисла за хумор, се сеќавам дека искрено одговорив дека таа веројатно беше меѓу првите пет. „Кој е поубав од Иванка?“ Се сеќавам дека еднаш збунето прашуваше, пред да ги именувам двете девојчиња што ги имав на ум.

Еднаш, додека вечерале во Мар-а-Лаго, Иванка го искарала својот брат Доналд Јуниор дека земал сендвич со сирење кој бил за Лисандра. А тогаш нивниот татко застанал на страната на синот: „Не грижи се. Не ѝ треба. Тој ѝ направи услуга“.

Орстром и Иванка се запознале во седмо одделение и станале пријателки за време на училишно патување во Париз. Но, откако беше деверуша на нејзината венчавка во 2009 година, врската се олади.

Орстром вели дека го напишала овој напис за да го покаже вистинското лице на Иванка Трамп, и покрај ризикот да биде наречена лицемерна.

Нејасно е што ќе стори Иванка откако Џо Бајден ќе се пресели во Белата куќа во јануари. Ја затвори својата истоимена компанија за облека и обувки во 2018 година, наводно, заради надзор и судир на интереси. Постојат шпекулации дека таа би можела да се кандидира за јавни функции. Во неодамнешното интервју, RealClearPolitics се опиша себе си како републиканка и прагматичарка.

Слични содржини