Непознати лица се обиделе да грабнат деца од училиште во Карбинци

од Nikola Popovski
448 прегледи

Денеска имало нов обид за грабнување на деца, овојпат од училишен двор. Настанот се случил во основното училиште „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци. Ова денеска го обелодени градоначалникот, Виктор Паунов.

-Децата кои што биле жртви се од 6-то и 9-то одделение. Што би било мотив кога сакате да направите штета на млади деца?, рече Паунов во изјава за медиумите.

Немилиот настан се случил некаде после 9:30 часот.

-Имало обид за грабнување на двајца ученици. Она што го имам од распитот со инспекторите и разговорите со присутните, киднапирите обиделе да ги внесат во автомобилите. Возилото доаѓа во влезот на училиштето. Безбедносните камери го имаат фатено возилото. Се работи на утврдување на регистарските таблички и расчистување, кажа Паунов, додавајќи дека децата се спасиле сами, но и со помош на вработени во училиштето.

Тој апелира да нема преголема вознемиреност до родителите, но и до СВР Штип да биде зголемено присуството на полицијата.

-Не сме имале досега вакви случувања. Полицијата најсериозно да ја сфати работата. Се надевам дека ова ќе заврши. Децата се добро, родителите се информирани. Разбрана е целата ситуација, кажа градоначалникот.

Слични содржини