НЕПРЕПОЗНАТЛИВА: Како изгледаше Меган Маркл пред сите хируршки интервенции? (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
488 прегледи

Бројни обожаватели го следат секој чекор на војвотката од Сасекс Меган Маркл. Овој пат на ред дојде пластичната хирургија, која, судејќи според коментарите, не е непозната за поранешната актерка.

Иако таа никогаш отворено не зборувала за процедурите, фановите тврдат дека Меган не изгледала како што изгледа денес на почетокот од нејзината кариера. Експертите, односно козметичките хирурзи се согласија со тоа, верувајќи дека сопругата на Хари навистина го „средила“ лицето.

Како што откриле пред британските медиуми, естетските хирурзи признаваат дека побарувачката за изгледот на војвотката од Сасекс е зголемена. Затоа тие решија да споредат стари и нови фотографии, со цел да посочат што се Меган променила.

– Меган има скоро совршено обликуван нос. Нејзините очи се правилно поставени, а брадата во форма на буквата V е класично убава. Нејзиното лице е во добра форма и е близу до она што Грците го сметаа за совршено, еднаш рече естетскиот хирург Де Силва.

Токму нејзиниот нос е една од процедурите за кои се сигурни дека неодамна ја имала. На нејзините фотографии од тинејџерските денови, јасно е дека нејзиниот нос изгледал поголем, иако никогаш не признала дека претрпела било каков вид естетски зафати. Заедно со носот, тие истакнуваат дека таа ги коригирала јаболчниците и обликот на вилицата. Додека некои мислат дека разликите се видливи, други мислат дека сè уште изгледа убаво и природно.

– Меган имаше неколку процедури, но убаво и умерено. Разликата се гледа, но не е претерана, се наведува во коментарот на социјалните мрежи.

Има и коментари од луѓе кои сметаат дека војвотката не „допрела“ ништо на лицето.

– Како некои не разбираат дека луѓето се менуваат со возраста. Веднаш, сите мислат дека промените се случуваат само во операционата сала. Срамота, се само некои од коментарите.

Слични содржини